x

Лаци со понуда за Филип Глигоров

unnamed-1

Албанскиот тим на Лаци се обидува во своите редови да го доведе македонскиот интернационалец Филип Глигоров. Страничниот дефанзивец до сега беше дел од истиот шампионат но играше во тимот на Влазниа, а сега има опција да ја промени средината.

Во овој клуб веќе настапуваа Бојан Најденов односно Марјан Алтипармаковски, а ете летово можеби таму ќе замине и трет наш интернационалец.

Глигоров е поранешен македонски младински репрезентативец и покрај домашниот шампионат, направи и солидна интернационална кариера.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата