x

Лацио триумфално од Сардинија, голем пресврт на Беневенто во Џенова (ВИДЕО)

lazzari

Лацио дојде до победа на Сардинија над Каљари од 0:2. За „Лацијалите“ погоди и Чиро Имобиле, најдобриот стрелец минатата сезона, кој стави „печат“ на победата. Тоа се случуваше во 74. минута, а претходно Лацари во 4. минута погоди. Во двата наврати асистираше Марушиќ .

Далеку поинтересно беше во Џенова, каде што Сампдорија ја пречека екипата на Беневенто. И одличен почеток на Самп, водство од 2:0 уште во 18. минута. Кваљарела и Коли погодија за ова водство, но Калдирола го намали водството пред полувремето.

Истиот играч донесе израмнување 2:2 во 72. минута, а тимот на Филипо Инзаги стигна до триумфот преку Летициа во 88. минута, со тоа правејќи огромен пресврт.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата