x

Лацио држи состаноци, Инзаги вели: Минуваме низ тежок период

Лацио денеска гостува кај Удинезе, но факт е дека римјаните го заубија чекорот во битката за највисок пласман со Јувентус. Серија на лоши резултати откако се рестартираше шампионатот, незадоволни се навивачите, а згора на тоа тимот има многу повредени и казнети играчи.

Затоа, вчера пред заминивање за Удине, одржан е состанок во клупските простории, на кој учевствувал и првиот човек на клубот Клаудио Лотито.

„Минуваме низ тежок период.  Тоа на сите ни е јасно, тоа го констатиравме. Има многу мечеви немаме време се рекоперација, за нови тренинзи, за освежување. Едноставно периодот е тежок“ – изјави тренерот на Лацио, Симоне Инзаги.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата