x

Лаутаро се поблиску до Барса, Интер веќе одбрал двајца играчи за негова размена

Само детали го делат Лаутаро Мартинез од потпис со Барселона. Трансферот би можел да се случи на крајот од сезоната, а дека преминот на Аргентинецот на „Камп Ноу“ е готова работа, говори фактот што Интер веќе одбрал двајца играчи кои ги сака за неговото заминување. Плус „нероаѕурите“ ќе добијат пари.

Првиот кој Интер го одбрал е десниот бек Нелсон Семедо. 26-годишниот португалски играч е на излезна врата од Камп Ноу, а на Интер добро би му дошол за засилување на десната страна во нивната формација 3-5-2 која ја форсираат.

Вториот играч кој би требало да замине во Интер е Карлес Алења. Дека Барса не смета на неговите услуги, говори фактот што на почетокот на оваа година го испрати во Бетис. Интересно е што Алења беше еден од најдобрите за Барса токму во мечот со Интер во групната фаза од ЛШ кога Каталонците го елиминираа тимот на „нероаѕурите“ со победата на „Џузепе Меаца“.

Покрај овие двајца играчи, Интер добро ќе ја наполни и клупската каса. Се споменува дека покрај овие двајца играчи, Италијанскиот тим ќе заработи и дополнителни 60-70 милиони евра.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата