Гувернерот на Невада, Стив Сисолак нареди привремено затворање на сите казина во државата, што значи дека нема да работат сите 440 лиценцирани казина во Лас Вегас.

Иднината на овие бизниси во Лас Вегас е во прашање, поради што претседателот на Американската заедница на игри на среќа, Бил
Милер, ја замоли владата за помош по објавата за затворање на казината.

„Невада е епицентар на нашата индустрија. Владата мора брзо да делува за да ги олесни нашите пријатели, соседи и колеги во Невада, но и во САД, каде се донесенни овие тешки, но и потребни мерки“ рекол Милер.

Коронавирусот се прошири во целиот свет, така и во САД. 4.226 лица се заразени со новиот вирус, а 75 починаа.

Сепак, бројот би можел да расте бидејќи поради неподготвеноста на САД, недостасуваат тестови.

извор: Makfax