Благица Ласовска, Пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Вин-Вин“ зборуваше за семејното насилство и истакна дека не постои програма во Бирото за развој на образование  по која психолозите и стручните соработници ќе препознаат семејно насилство во вакви случаи кога заради ковид пандемијата децата не посетуваат настава со физичко присуство, туку следат онлајн насава од своите домови.

Во Бирото за развој на образование побарав дали имаат некаква скратена програма психолозите и стручните соработници да препознаат семејно насилство ако се земе фактот дека сега учениците следат настава од дома и не одат на училиште. Но,за жал такво нешто нема и тоа го осудувам затоа што уште во март месец  УНИЦЕФ  излезе со свои студии и кажа и даде препораки до владите  дека семејното насилтво се зголемува и ќе се зголемува и дека Владите треба да направат  Старатегии за заштита на жртвите како на жените така и на децата кои се сведоци или жртви на семејното насилство.Но, денеска тоа во Република Македонија тоа не можеме да го видиме.Немаме таква скратена програма која на психолог ќе му даде начин и форма како да реагира бидејќи досега се знаеше како пријавуваат наставниците, па стручната служба реагира, рече Ласовска.

Таа во своето гостување укажа дека заради целата ситуација со КОВИД-19 Бирото за развој на образование треба  да изнајде начин и протоколи како службите на помогнат на овие деца кои се сведоци и жртви на семејното насилство.

-Заради Ковид пандемијата и ковид мерките кои се сега на сила требело Бирот за развој на образование да изнајде начин и проктоколи како службите да помогнат на ови деца кои се сведоци и жртви на семејното насилство, додаде Ласовска.