Благица Ласовска, Пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Вин-Вин“ зборуваше за борбата против семејното насилство и родово базираното насилство и  укажа дека тоа е многу важно и е дел од Програмата на ВМРО-ДПМНЕ и  Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ  тоа го стави како еден од најважните приоритети.

-Сите пратеници во претходниот состав и а во сегашниот во едно се согласуваме дека женските прашања и семејното насилство треба да бидат точка на соединување. Впрочем борбата против семејното насилство и родово базираното насилство беше дел од програмата на ВМРО-ДПМНЕ и Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ во нејзините приоритетит го стави како прв приоритет борба против семејното насилство и родово базираното насилство.Се надевам дека овој закон ќе дојде многу бргу во собраниска процедура, рече Ласовска.

Пратеничката Ласовска  во своето гостување посочи дека многу важно е подигањето на свеста во сите форми на родово базирано насилство и за да се постигне тоа многу важна улога ќе има Министерството за труд и социјална политика, Министерството за образование и наука како и Министерството за внатрешни работи.

-Многу е важно во подигањето на свеста за сите форми на родово базирано насилство да се промовира родовата еднаквост  и елиминација на стеротипите за родовите улоги. За да се постигне ова не е доволно само да имате законско решение, туку тоа законско решение да биде ефективно и ефикасно затоа што семејното насилство е впрочем кршење на елементарните човекови права, така да сметам дека тука мултисекторискиот пристап ќе биде многу важен. Многу важна улога ќе има Министерсвото за образование и наука во креирањето на програми за еднаквост, почитување на различностите, понатаму Министерствто за труд и социјална политика  кое треба да има клучна улога во спроведување на тие стратегии, Министертсвото за внатрешни работи, невалдиниот сектор, додаде Ласовска.