Европскиот совет конечно даде “зелено светло” за сателитската констелација Галилео. Министрите ги финализираа техничките спецификации на системот и ги одобрија конструкцијата и лансирањето на сателитите. Согласно со оваа одлука, првите сателити ќе бидат лансирани во 2006 година. Со Галилео ЕУ добива алтернатива на американскиот сателитски навигациски систем УС ГПС, наменет за цивилна употреба, и ќе понуди подетаљна резолуција во споредба со американскиот систем. Проектот се проценува дека ќе чини 3.7 милијарди евра, од кои 2.1 милијарда ќе биде потрошена за развој. Две третини од овие средства ќе бидат обезбедени од индустријата. Конечните трошоци, најверојатно, ќе изнесуваат до 220 милиони евра годишно. Јавниот сектор ќе обезбеди исклучителен прилог од 500 милиони евра, соопшти Европската комисија, но потоа трошоците целосно ќе бидат покривани од приватниот сектор. Жак Баро, потпретседател на Комисијата, изјави дека Галилео покажува што може да се постигне кога Европејците работат заедно. “Без сомнение Галилео е најубавиот европски технолошки проект. Тоа ќе биде големо достигнување – како што е мобилната телефонија”, изјави тој. Проектот беше одложуван додека САД и Европа водеа битка околу спецификацијата на новата мрежа. САД тврдеа дека ако констелацијата Галилео работи на истите фреквенции како и ГСП, можат да се јават пречки во работењето меѓу двата системи. Тие, исто така, изразија загриженост дека може да им биде одобрен пристап на трети земји до навигацискиот систем, особено во време на војна. Теоретски, мрежата може да биде користена за лоцирање на американските војници. Меѓутоа, во февруари излезе на виделина дека со придушувањето на фреквенциите предложени за податоците на Галилео ќе се попречуваат комуникациите на американските воени канали, што допрва треба да бидат воведени. Инсистирањето на САД на одвоени канали предизвика шпекулација дека војската, всушност, сакала да обезбеди “off switch” за конкурентската мрежа. Американското воено воздухопловство одби да ја исклучи можноста за соборување на неутрални сателити, ако тие се употребуваат од непријателски држави во текот на некој конфликт, поради што не беше променето ваквото мислење.