Падот се објаснува главно со намалувањата на инвестициите во два од водечките пазари – Велика Британија и Германија (односно со 31,4% и 8,7%), како и со недостатокот на првокласните средства за инвестиција.

Британија и Германија сочинуваат речиси 55% од активноста на европскиот пазар на деловен простор, забележува компанијата. На Островот активноста се намалува поради ризиците и нејаснотиите околу „Brexit”, но во Германија падот е поврзан главно со недостигот на првокласни средства.

Сепак Британија останува најголемиот пазар на деловен простор во Европа со 59,1 милијарди евра инвестиции во минатата година. Следува Германија со 52,7 милијарди евра, а трета е Франција со 27,4 милијарди евра. Четвртата позиција е за Шведска со 14,8 милијарди евра, следена од Холандија, Италија, Шпанија и Норвешка со волумени од редот на 6 – 10 милијарди евра.

Најзначаен раст сепак забележуваат инвестициите во индустриски средства. Нивниот удел од вкупниот обем на инвестициите се зголемува од 8,7% во 2015-та година до 10,8% во 2016-та година.

Инвестициите во алтернативни средства исто така се засилуваат поради повисоката профитабилност.

И оваа година се очекува засилено внимание кон европскиот пазар на деловен простор од странски инвеститори. Интересот ќе е главно кон не толку стабилните средства кои носат висок принос. Недостатокот на првокласни средства сепак повторно се очекува да доведе до обесхрабрување на активноста на пазарот.

Најинтересните пазари за инвеститорите ќе продолжат да се оние со ограничена понуда и силна побарувачка и добрите перспективи пред растот на кириите.