x

Лампард: Ќе бидам брутално искрен, бевме катастрофа…

По поразот од Баерн, стратегот на Челзи Франк Лампард не е премногу оптимист за реваншот во Минхен и за правење на чудо на „Алијанц“. Челзи изгуби со 3:0 со три гола примени во второто полувреме, но загрижувачки е очајниот перформанс на момците во сино.

Ќе бидам брутално искрен, игравме катастрофално лошо. Не преслушаа во секој сегмент. Јас сум разочаран што не можевме да сториме повеќе против Баерн. Мораме да го прифатиме овој убедлив пораз и да работиме на тоа да се вратиме на нивото на кое сакаме да бидеме. Ако го погледнете начинот на кој тие подаваат, а начинот на кои ние подававме, тогаш ќе кажам дека заслужија да не победат. Ќе ги кренеме главите и после ова, но загрижен сум за нешто друго. Колку бргу можеме да заздравиме за предизвиците во Премиер лигата и дали ќе успееме да ја кренеме формата за брзо време?“, изјави Лампард.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата