x

Лампард посочи две имиња како директни виновници за ремито со ВБА

celsi640581068020200922150617

Менаџерот на Челзи, Френк Лампард, воопшто не беше задоволен од синоќешното реми со ВБА во натпреварот од 3. коло во Премиер лигата.

„Сините“ се доведоа во ситуација по првиот дел да бидат во негатива од три гола. Лампард изјави дека ова се загубени два бода и дека Тијаго Силва и Маркос Алонсо се директни виновници за секој од трите гола на противникот.

„Ова се два загубени бода и ова не е непочитување кон Вест Бром. Можам да го пофалам карактерот на тимот, но немаше потреба да влеземе во таква ситуација. Настрадавме од очигледни грешки. При првиот гол Алонсо погреши на центарот на теренот, за вториот Тијаго Силва прави очигледна грешка. За третиот Маркос го испушти човекот на корнер. Можеме да правиме состаноци со тимот колку што сакате, но сè додека постојат такви грешки, тие секогаш ќе не ставаат во тешка ситуација“, заклучи разочараниот Лампард.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата