x

Лампард: Педро го одигра последниот меч за Челзи

pedro-e1559161483966

Шпанскиот напаѓач Педро го одигра својот последен натпревар за Челзи, потврди менаџерот Франк Лампард.

Фудбалерот, кој ќе има 33 години, се најде на теренот во последните неколку минути од денешната победа над Вулверхемптон од 2:0.

Педро, дојде од Барселона за 21 милиони фунти во 2014 година, му помогна на Челзи да ја обезбеди титулата во Премиер Лигата во 2016/17 и исто така го освои ФА Купот и Лигата на Европа.

Според информациите, нова дестинација за Педро ќе биде Италија, каде ќе го облече дресот на Рома.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата