x

Лампард: Не очекувајте Челзи веднаш да игра перфектно, заедно сме само четири дена

lampard

Челзи го совлада Брајтон со 3:1 и со три бода ја почна Премиер лигата. Со оглед на тоа колку играчи донесоа и колку пари потрошија за нив, ставени се во потесниот круг на фаворити за шампионскиот трофеј. Од првата минута играше германското дуо Тимо Вернер-Каи Хаверц. Рис Џејмс имаше фантастичен настап, даде прекрасен гол и асистираше за третиот. Сепак, тренерот Френк Лампард смирува:

Мислам дека игравме добро. Ми се допадна пристапот на фудбалерите. Ако го анализираме фактот дека заедно работиме само четири дена, не можам веднаш да очекувам перфектна игра. Покажавме одлучност во решавачките моменти. Не планирам да се придржувам на една тактичка шема. Свесен сум дека мораме да бидеме флексибилни. Имаме многу офанзивни фудбалери, а сакам кога се игра сите да се движат брзо. Да бидам искрен, пред една година немаше да ги освоиме бодовите против Брајтон “, изјави Лампард.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата