x

Лампард: Не игравме доволно добро, крај на муабетот

00877923

Тимот на Челзи вчера загуби од Вумверхемптон со 2:1, и тоа со гол примен во судиското продолжение. Иако се очекуваше Челзи да го добие овој меч, се случи сосема спротивното, не само што не освои три бода, во последните моменти го испушти оној едниот со евентуалното реми.

„Повеќе фактори се клучни за ваквиот развој на настаните. Имаме густ распоред, заминавме на гостување кај Евертон, па се вративме дома, па повторно заминавме на гостување кај Вулверхемптон. Имаме и повредени играчи не можам да ја востпоставам ротацијата на играчи онака како што посакувам, но сепак имавме водство кое моравме да го задржиме. Не одигравме доволно добро за такво нешто. Едноставно е. Јасно беше дека контранападот е најсилното оружје на противникот и тој тоа го искористи. Пораката на противникот беше јасна. Ќе играме на контранапади, а ние што е разочарувачки не успеавме да го спречиме тоа“ – изјави Френк Лампард, стратегот на Челзи по мечот со Вулверхемптон синоќа.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата