x

Лампард гневен: Ѕвездата на Челзи на полувреме си заминала во автобусот!

alonso

Челзи изминатиот викенд губеше со 0:3 од ВБА, но сепак на крај дојде со 3:3 и тоа со судни маки што се вели. Но друго го мачи Френк Лампард, менаџерот на “сините“, а тоа недисциплината на дел од неговите играчи. Имено Лампард по првите 45.минути го извади од игра Марко Алонсо, а овој место да се истушира и да ја изгледа средбата до крај од трибините, или да биде во соблекувалната, тој влегол во клупскиот автобус и буквално дремел, не го интересирало што ќе направ неговиот тим.

Кога Лампард дознал што направила ѕвездата на тимот буквално збеснал, и побарал од Шпанецот да им се извини на сите свои соиграчи. Но гневот на менаџерот не застанал тука, тој денеска и официјално побарал од раководството на клубот по секоја цена да се ослободи од Марко Алонсо, со напомена дека тој не смета на неговите услуги.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата