x

Ламине Диак: Шкупи и против Силекс ќе оди на победа!

lamine-diak

 

Откако ја мина пречката во 1/8 финалето во Купот пред четири дена, и тоа против Кит Го со 5:0, екипата на Шкупи која е втора на табелата, попладнево во 14:30 часот на стадионот “Борис Трајковски“ во Скопје, ќе го дочека Силекс во рамките на 10.коло ово ПМФЛ.

Ова во некоја рака веројатно е и дерби на колото, посебно ако се знае дека овие две екипи имаат високи амбиции, а летото ја претставуваа Македонија во фудбалска Европа.

За самиот натпревар, свој коментар има интернационалецот од Сенегал Ламине Диак, еден од најдобрите фудбалери на чаирчани кои поради реконструкција на теренот на својот стадион, домаќини на кратовци ќе им бидат во скопската населба Маџари.

“Немавме многу време за подготвки за овој натпревар. Важно е што имаме три победи во серија и дека сме во добра форма. Јасно е дека Шкупи и против Силекс ќе оди на победа, ние сме фокусирани да ја оствариме целта. А целта е победа и нови три бода, тоа значи дека сакаме а ја продолжиме победничката серија“ рече Диак.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата