Како што дознаваат медиумите, пеачот планира со неговата вереница Марина Гачиќ која е бремена во четври месец, да се породи во една од најдобрите клиники во Швајцарија а воедно во таа земја да продолжат да живеар.

– Веста дека повторно ќе стане татко на Дарко му го променила животот. Во последните месеци каде му се случуваа лоши работи сака да ги заборави и да продолжи понатаму. Тој знае дека за него е најдобро да продолжи да живее вон Србија, поради понатамошно опоравување и да го среди својот живот. Пријатерлите веќе му предложиле да се пресели во Виена, конкретно естрадниот менаџер Ѕвонко Грујиќ, му рекол неколку пати да почне да живее во Виена, бидејќи таму има многу тезги, но тоа Дарко многу површно го сватил. Меѓутоа, сега и тој сака да ја напушти земјата, судејќи по се, после Нова година тоа би можело да се случи, рекол извор.

Тој вели дека во се ќе му помогне неговиот менаџер Месед Хаџиќ, како и пријателите.

– Тој не е сам. Мирсо Швајцарец сигурно ќе му помогне и финансиски, како што тоа и досега го прави. Секако дека тој е врзан за својот Брестач,каде што има голема куќа, но одењето во Швајцарија е само додека не го среди својот живот. Кога нема да работи, Дарко со детето и Марина ќе бидат во Србија, но и неговата ќерка Лорена тогаш ќе биде со него – завршува изворот.