x

Лазаров со донација за Здравствениот дом во Свети Николе

Македонија се бори со пандемијата коронаворус, голем дел од спортистите секојдневно испраќаат помош до своите градови, до здравствените институции. По капитенот Горан Пандев и целата македонската фудбалска репрезентација, тоа го стори и капитенот на ракометниот национален тим, Кирил Лазаров.

Младите во Свети Николе организираат акција за помош на светиниколчани во борбата против корона вирусот, а како што известуваат, Лазаров донирал средства за набавка на маски со филтри и скафандери за здравствениот дом во неговиот роден град.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата