x

Лазаров „распука“, Нант со победа ја отвори сезоната во Франција

lazarov-e1600323723561

Ракометарите на Нант забележаа победа над Иври 30:24 на отворањето на сезоната во француското ракометно првенство. По триумфот над Кил во ЛШ, ова е втор триумф за Нант во новата сезона.

Нант водеше на целиот меч и заслужено победи. Кирил Лазаров со шест гола беше втор најефикасен играч во Нант, а имаше извонредна реализација од седум петри (пет од пет). Инаку Овничек беше најефикасен кај домашните со седум голови.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата