x

Лазаров остана „крал“ на стрелците во квалификациите за ЕП 2022

kire-lazarov

Капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров е прогласен за МВП по првите два квалификациски меча за пласман на ЕП 2022 година. Има и зошто, не само што беше лидер во нашите редови, тој покажа дека и на 40 години е еднакво опасен.

Кире без пардон ги полнеше мрежите на противниците, против Финска постигна 11 погодоци, додека против Швајцарија запиша шест гола иако постојано имаше грач „залепен“ за него.

Со 17 погодоци тој остана прв стрелец, оваа позиција ја дели со ракометарот на Финска, Макс Гранулд. Едни Шмит од Швајцарија има еден погодок помалку, по што следуваат Лукас Пелас (Шведска) и Карл Том од Естонија со 14 гола.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата