x

Лазаров го однесе Нант во групната фаза од ЕХФ купот

Капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров го однесе Нант во групната фаза од ЕХФ купот, откако во реваншот на гостински терен одигра реми 30:30 (16:16) со Арендал во третото квалификациско коло.

Лазаров беше прв стрелец за францускиот тим со шест погодоци од 11 обиди.

Лазаров со пласманот во групната фаза им се придружи на Борко Ристовски и Филип Кузмановски чии клубови исто така ќе ги гледаме во Европа на пролет.

Ждрепката за групите за ЕХФ купот ќе се дефинираат во вторник.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата