Надзорните одбори на двете нови претпријатија кои настанаа по последнава поделба на некогашното ЕСМ, вчера за нови генерални директори ги назначија Панде Лазаров – во ЕЛМ и Илија Спировски – во Дистрибуција. Владата деновиве ја потврди одлуката од ЕСМ да се издвои производството кое се организира во посебна фирма – Електрани на Македонија (ЕЛМ) што ќе остане во државна сопственост. На чело на новата компанија е избран Панде Лазаров, кој и по издвојувањето на преносниот систем продолжи да ја врши функцијата генерален директор. Во ЕСМ, пак, во кое сега е само дистрибуцијата која ќе оди на продажба, за генерален директор, како што се дознава е имануван Илија Спировски поранешен директор на комерцијалниот сектор. Тој практично ќе треба да биде активно вклучен во претојниот процес на продажба на овој дел од некогаш единствениот електроенергетски систем. (З.П.)