x

Лазаревски: Од „карантин“ влеговме во жежок распоред, се надевам на изненадување против Фиверс

metalurg

Металург по пауза од еден месец ќе го одигра третиот натпревар во Европската лига, тимот од Автокоманда во вторник е домаќин на Фиверс.

Станува збор за тим кој има одиграно пет меча, има победа, реми и три порази, на другата страна македонскиот претставник има два порази.

„Металурзите“ зад себе го имаат лошиот меч против Е.Пелистер 2, а веќе денеска играат дуел од домашниот шампионат против Работнички, кој пак ќе биде добра шанса да влезат во победнички ритам, но и добра подготовка за европскиот предизвик.

„Ова е прв напревар во Европската лига за нас по подолг период. Минатиов неполн месец беше доста турбулентен за нашата екипа, поради карантинот кој моравме да го одработиме. Без соодветен тренажен процес влеговме во жежок распоред со натпревари и тоа евидентно беше дека се одрази на нашата игра во последниве два натпревара. Денеска имаме уште една средба од домашното пренство која ќе биде како увертира, разигрување и шанса да ги реализираме нашите замисли за во вторник против Фиверс. Станува збор за квалитетна екипа, ги анализиравме нивните натпревари против Тулуз и против Чеховски. Исклучително квалитетен состав, со брза транзиција, се разликуваат од другите екипи во нашата група ги знаеме кои се нивните предности и знаеме во кои елементи можеме да парираме и се надевам дека во вторник ќе можеме да им парираме и зошто и да не изненадиме“, вели Милан Лазаревски.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата