Во пограничниот реон меѓу Бугарија и Грција се појавиле лажни резултати од тестови на ковид-19, јави грчката телевизија „Мега“, а пренесе „360 степени“.

Последните денови била спроведена интензивна контрола во близина на граничкиот премин Кулата-Промахон со која било утврдено дека организирана група лажни потврди за туристи што сакаат да влезат во Грција преку Бугарија.

Станува збор за потврди кои покажуваат негативни резултати од тестот на коронавирусот. Се продаваат за цена од 30 до 40 евра.

Бланко документите се издаваат од неовластени лаборатории, по што во нив, за паричен надомест се вметнува името на лицето кое сака да ја премине границата.