Авионот на “Кроација ерлајнс” кој вчера леташе на релација Дубровник- Рим – Дубровник прими лажна закана за поставена експлозивна направа во неговиот багажен простор, соопшти хрватската авиокомпанија.
Најавата била примена околу 17.30 минути, час и 45 минути пред планираниот лет на авионот Ербас А319 кој требал да полета од Дубровник кон Рим. Од безбедносни причини авионот Ербас А319 и 104-та патници уште еднаш се прегледани во Дубровник, а детален преглед на авионот извршила и италијанската полиција во Рим. Откако не е пронајдено ништо сомнително, утврдено е дека се работи за лажна најава. Во соопштението се потенцира дека безбедносните проверки предизвикале доцнење на летовите Дубровник-Рим и обратно за околу два часа и 30 минути.