Лажирал сопствена смрт
Амир Вехабовиќ од едно мало место на северозападот на Босна неодамна отпечатил плакати за сопствената смрт и ги залепил на видни места низ гратчето. Целта му била да види колку вистински пријатели има и кој ќе му дојде на погребот. Дента кога погребот бил закажан тој добро се замаскирал и од страна чекал да види кој ќе дојде на неговото лажирано последно испраќање. Бил многу разочаран кога видел дека дошле само четворица сограѓани, па затоа решил да ја разоткрие несолената шега. За миг морбидната идеја се проширила низ местото, а реакциите на сограѓаните најчесто биле во стилот: “…знаевме дека е шегобиец, но вакво нешто не очекувавме”. Не заборавија да ја истакнат и неговата најголема мана: …се што ќе заработи дење, ноќе ќе го потроши во кафеаните.