Агенцијата за приватизација, следниот петок, на јавна берзанска аукција ќе ги понуди државните пакети акции во шест големи и успешни македонски компании. Станува збор, за значајни проценти на државна сопственост во РЖ Ладна валавница, во градежните фирми “Пелагонија” и “Маврово”, Осигурителната куќа КЈУБИ, “11 Октомври-Еуромеханика” од Прилеп и “Мак Комерц”од Кавадарци, кои заедно тежат повеќе од 36 милиони евра. Најголем пакет акции државата има во “Пелагонија”- 36,73 отсто, и за ова сопственичко учество дури се водеше судски спор, но Агенцијата со закон е овластена да го продаде во име на државата. Акциите на “Пелагонија” на Берза ќе одат со почетна цена на продаж ба од 51,13 евра за акција наспроти 255,6 отсто колку им е номиналната вредност. Најголема трансакција која треба да &”241; донесе и најмногу пари на државата е продаж бата на 28,16 отсто од капиталот на Ладна валавница која веќе ја купи индискиот инвеститор ЛНМ, односно “ИСАПД”. Имено, Индијците сакале веднаш и во кеш да го докупат државниот капитал по 1 евро за акција, но во меѓувреме брокерите ги советувале дека имаат и поевтини варијанти и се очекува над 5,4 милиони акции да се купат со државни обврзници. Значајни пакети акции државата ќе понуди и од ГП”Маврово” -12,99 отсто од капиталот на фирмата по цена од 5,11 евра за акција. Ена од најрактивните фирми во државата, Осигурителната компанија КЈУБИ има мал пакет државни акции од 0,22 отсто кои ќе се продаваат по цена од 15,34 евра по акција, но и за такви акции секогаш има заинтересирани инвеститори, велат берзанските експерти, ако не ги купи и доминантниот газда. Од прилепската фабрика “11 Октомври-Еуромеханика” државата ќе продава 17,65 проценти по 1 евро за акција што е значително учество за секој инвеститор во бизнисот со електрични мотори, генератори и трансформатори. Од “Мак -комерц” единствената фирма од трговија со овошје и зеленчук во овој турнус, ќе се продава 6,77 отсто од капиталот по цена од 5,11 евра по акција. Во петок државата ќе продава и четири свои поголеми удели од неколку фирми од внатреш носта, (“Механика -ремонт”, “Оризокомерц”, “Книговодител” од Струмица и “Депласт-прозорци” од Дебар). Агенцијата за приватизација на берзанската аукција ќе стартува со цена која просеч но изнесува 20 отсто од номиналата, што би требало да е дополнителен мотив за привлекување на што поголем број инвеститори, а што во практиката значи и пове- ќе пари за државата.