Германската канцеларка Ангела Меркел сакала телефонски да им се заблагодари на пожарникарите за нивниот придонес во кризата за време на коронавирусот, но командантот на противпожарната служба и спушти слушалка.

Меркел ја повикала противпожарната служба во Берген, но шефот на единицата, Андре Мусвик, кој одговорил на повикот, помислил дека станува збор за шега на радиостаница, известува  Нордкурир.

За да не биде предмет на шега, шефот на единицата веднаш го прекинал разговорот, пишува весникот.

Сепак, малку подоцна, телефонот повторно заѕвонил, а овој пат тоа било од прес канцеларијата на германската канцеларка објаснувајќи дека претходниот повик бил од Меркел, со цел да изрази благодарност на службата.

Потоа, Меркел повторно се јавила и им се заблагодарила на пожарникарите за нивната работа.

Таа преку медиумите дознала дека пожарникарите во Берген по негативните тестови за коронавирус, решиле доброволно да бидат во карантин за да останат здрави за да можат да им служат граѓаните.