“Лада” ќе се призведува во Египет
Од утре, 21 февруари, во Египет ќе биде отворен нов погон за производство на рускиот автомобил “лада”, кој е дел од партнерската соработка меѓу Русија и Египет, а ќе го носи името “Лада-Египет”. Во новото претпријатие ќе се изработуваат автомобилите “лада 2107” и “лада 110”, објавија руските авто-магазини. Се предвидува дека во фабриката во Каиро ќе се произведуваат 3.300 модели од овие нови типови “лада” на сопственикот ВАЗ, соопшти прес-службата на компанијата.