Само владата на Николас Мадуро може да ги назначи амбасадорите на Венецуела, изјавирускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, коментирајќи го назначувањето на претставникот на Венецуела во САД од страна на лидерот на опозицијата, Хуан Гуаидо, пренесува ТАСС.

„Амбасадорите се назначени од владите на земјите-членки на ОН, а владата на Николас Мадуро е една од нив”, рече рускиот дипломат.

извор: Makfax