Претседателите на Русија и САД заеднички треба да изјават дека употребата на нуклеарно оружје е неприфатлива, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, на меѓународниот форум „Примаковски читања“, пренсува ТАСС.

„Од политичка гледна точка, од клучно значење е Русија и САД да го смират остатокот од светот и да донесат заедничка изјава на високо ниво дека не може да има победа во нуклеарна војна и затоа е неприфатлива и недозволива”, рече Лавров.

Лавров потсети дека лидерите на САД и на Советскиот Сојуз претходно дале такви изјави.

„Не разбираме зошто тие сега не можат да ја потврдат оваа позиција. Нашиот предлог е разгледуван од американската страна”, рече рускиот дипломат.

Коментирајќи ја неодамнешната изјава на Пентагон, која повикува на отпочнување дијалог со Русија, Кина и со Северна Кореја за намалување на ризиците од борбени дејства со употреба на нуклеарно оружје што не се предизвикани од САД, Лавров рече:

„Тоа го вели воената агенција на САД, чија најнова нуклеарна доктрина значително го намали прагот за користење нуклеарно оружје “.

извор: Makfax