x

„Лавовите“ убедливо поразени од Александрија (5:0) на вториот „тест“ во Турција

Александрија од Украина со 5:0 го совлада тимот на Македонија ЃП во „тест“ одигран на подготовките во Турција.

Украинскиот тим поведе во 13. минута со гол од слободен удар од 25 метри на Вантук, и грешката на голманот на ѓорчепетровци. Во 55. минута Христук од пенал донесе 2:0. Се играше 69. минута кога Шастал по катастрофалната грешка во одбраната, и можен прекршок излезе сам и успеа да погоди.

На 4:0 зголеми истиот играч Шастал кој по грешката на дефанзивата и додавањето од левата страна, од 5-6 метри само ја погоди празната мрежа. Во судиското надополнување од пенал, Украинците стигнаа и до победа со „петарда“.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата