Норвешка полиција објави дека трага по четворица туристите од Шведска и Финска кои се уште се водат за исчезнати, по вчерашната лавина која се случи во северниот норвешки регион Тромс.

Овој регион е доста популарен за скијачите.

Временските услови не дозволуваат спасувачките екипи денеска да ја продолжат протрагата по четворицата туристи. Иако таа не е официјално откажана, сепак екипите поради временските услови не можат да работат во полна пареа, соопштија властите.

„Снежната покривка е доста голема, и постои голем ризик за нова лавина. А исто така во таа област има и бура”, изјави шефот на полицијата на Тромс.

Според досегашните информации на полицијата последните траги кои биле забележани од скијачите упатуваат на тоа дека тие се движеле во директен правец кон лавината, но никогаш не биле забележани како се враќаат назад.

Полицијата се сомнева дека четворицата скијачи биле потрупани од лавината.

извор: Makfax