Косово да остане во Србија

На градскиот плоштад Шумадија во северниот дел на Косовска Митровица вчера се одржа голем протестен митинг на кој учествуваа околу 10.000 Срби од цело Косово. Тие го изразија својот став против планот на Ахтисари со слоганот – дека никогаш нема да се помират со независно Косово и дека имаат право на самоопределување. Од митингот е највено дека на 27 март во Белград пред амбасадата на САД ќе одржат митинг за зачувување на Косово во рамките на Србија.