Скопското основно јавно обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против 24-годишен скопјанец поради сомнение дека сторил кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

Како што информираат од обвинителството, при извршен полициски претрес на 10. март во домот на осомничениот во населбата Илинден, биле пронајдени девет пакувања марихуана со тежина од 213 грама, како и 26 грама амфетамин спакуван во шест пакувања.

Дрогата која осомничениот ја држел заради продажба е одземена од страна на полицијата, а на 24-годишникот му е определен куќен притвор во траење од 30 дена.

 

извор: Makfax