Пожар избувнал вечерва во куќа во населбата Лисиче спроти трговскиот центар. Kуќите се изгорени до темел, но за среќа нема повредени. Пожарот избувнал околу 22 часот во куќа во која живее повеќечлено  семејство, на улицата Михаил Глинка, во близина на трговскиот центар во населбата Лисиче.

Противпожарните екипи се на терен и пожарот е локализиран да не ги зафати соседните куќи.

 

 

извор: Makfax