Сопственичка чија куќа се наоѓа помеѓу двете ленти на автопат,  не сака да се пресели затоа што државата не и понудила соодветна локација.

– Јас ги знам последиците и не ми пречи што мислат другите за мене. Мислите дека околината е лоша, но сметам дека е тивка, ослободувачка и удобна“, тврди таа.

Таа, наводно, побарала од кинеската влада четири станови и тие се согласиле да и дадат два.

Тие исто така и понудиле сместување во близина на градската мртовечница, што е уште една причина зошто таа не се поместува.

Властите ја оградиле куќата уште во 2010 година за да ја срушат и да изградат мост. Сепак, г-ѓа Лианг е единствената од 47 домаќинства и седум бизниси која се уште живее таму.

Властите тврдат дека и понудиле и пари, но дека таа одбила сè. Тогаш инженерите изградиле нов мост што ја заобиколува куќата.

Државата продолжува да преговара со г-ѓа Лианг, која не се откажува од нејзините барања.