Алуминиумската фолија ја има во речиси секоја кујна. Често се користи при готвењето, но и складирањето храна. Едната страна од фолијата е мат, а другата сјајна и исполирана. Дали некогаш сте се запрашале која е „вистинската“ страна од фоијата, односно која треба да се користи. 

Сјајната и мат страната настануваат заради процесот на производство, во последната фаза кога двата слоја поминуваат низ валјак во исто време. Онаа страна која доаѓа во контакт со полираниот челичен валјак станува сјајна, а другата останува мат.

Што се однесува до користењето во домаќинството не е важно на која страна ќе ја завртите, иако некои произведувачи тврдат дека максимална ефикасност се постигнува кога хрната е ставена на мат страната и завиткана со неа.