x

Кутињо се враќа во Премир-лига, два тима во игра

Фелипе Кутињо одамна не е тоа што некогаш беше и затоа дојде во ситуција, да биде понуден по клубови каде што би можел да замине на позајмица.

Неговиот матичен клуб Барселона, не смета на него, па Бразилецот мина извесен период во Баерн Минхен. Таму не сакаат да го откупат неговиот договор и огромната плата која ја има, па сега Барселона се врти кон Премиер-лигата, последните информации велат дека Кутињо е понуден на Арсенал односно Њукасл.

Арсенал  веќе има еден играч кој има огромна плата, а не игра речиси ништо, а тоа секако е клупската икона Месут Озил, па прашање е дали воопшто ќе ризикува со Кутињо, додека пак Њукасл е веќе сосема поинаква средина од онаа на која што некогаш огромниот квалитет од напаѓач е навикнат последниве години.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата