x

Кутињо изненадувачки заврши со Баерн, сега е во рацете на УЕФА

Филипе Кутињо мораше да направи операција на зглобот, иако се шпекулираше дека наскоро ќе се врати на терените, повредата е потешка и ќе мора да биде во „аут“ околу шест недели.

Ова значи дека неговата епизода во Баерн Минхен е завршена, позајмицата истекува на 30 јуни, а Баварците немаат намера да ја активираат откупната клаузула и да платат 120 милиони евра.

Бидејќи планот на Бундес-лигата е да заврши до крајот на јуни, јасно дека Бразилецот нема да игра за Баерн, сега во рацете на ФИФА која треба да донесе одлука околу ваквите договори, да им овозможи да играат во ЛШ.

Планот на УЕФА е Лигата на шампионите и ЛЕ да продолжат во август, а Кутињо не е единствениот играч со овој „проблем“, па ФИФА ќе мора внимателно да размисли како клубовите кои играат на европски натпреварувања нема да бидат оштетени со договорите кои истекуваат на 30 јуни.

Иднината на Кутињо е неизвесна се споменува враќање во Премиер-лигата и тоа во тимот на Њукасл.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата