Австрискиот канцелар Себастијан Курц е убеден дека Австрија е на почетокот на вториот бран на коронавирус.

Тој рече дека верува дека ситуацијата ќе се нормализира следното лето во врска со пандемијата.

Исто така вели дека може да се види светлината на крајот од тунелот, под претпоставка дека есента и зимата ќе бидат тешки.

За време на неговата посета на Швајцарија, тој рече дека се сретнал со раководителите на големите фармацевтски концерни „Рош“, „Новартис“ и „Лонка“, со кои разговарал за развојот на вакцината.

„Има голем напредок во областа на медицината, тестовите, но исто така и околу вакцината. Затоа сум убеден дека ситуацијата ќе се нормализира повторно на лето”, нагласи тој.

Тој посочи дека видливиот експоненцијален раст, засега, како што додава, е сè уште слаб.

Во врска со тоа, тој упати итен апел до населението да се придржува кон сите мерки – растојание, маски, хигиена и намалување на социјалните контакти.

Тој јасно ги обвини „црните овци“ во ноќната гастрономија за сегашната епидемиолошка состојба и најави дека министерот за внатрешни работи, Карл Нехамер, ќе покрене остра акција за контрола на тој сектор.

Како дел од построгите контролни мерки, предвидени се и високи казни за непочитување на мерките.

Така, за гостин во ресторан кој не го почитува ограниченото работно време најдоцна до 1 час по полноќ, предвидена е казна до 3.600 евра.

Сопствениците на тој ресторан мора да сметаат на парична казна до 30 000 евра.

Што се однесува до мерката за ограничување на бројот на луѓе на приватни прослави во затворени простории со до 10 лица, полицијата може да напише парична казна до 1.450 евра за прекршокот.

За неносење маска на места каде што е задолжителна следува казна до 3.600 евра.

извор: Makfax