Австрискиот канцелар Себастијан Курц, откако беа потврдени првите инфекции со коронавирус на австриско тло, изјави дека властите се добро подготвени.

„Ги презедовме сите мерки за спречување на ширењето“, рече Курц, кој е во посета на Лондон.

Тој истакна дека приоритет е да се заштити населението во Австрија и да се направи се за да се спречи понатаму да се шири коронавирусот.

Важно е, рече Курц, дека постои реална проценка на ситуацијата во Австрија и Европа.

Курц укажа дека нема простор за паника и дека опасноста од ширење на вирусот во Европа извесно време е позната.

извор: Makfax