По повод состанокот на врвот на ЕУ и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, австрискиот канцелар, Себастијан Курц, го повтори неговиот став дека ЕУ треба да ги прекине пристапните преговори со Анкара.

„Критериумите за пристапување не се исполнети и поради тоа пристапните преговори со Турција мораат да бидат прекинати“ истакнал Себастијан Курц за германскиот дневник „Велт“.

Од истата причина, како што рекол Курц, треба повторно да се размисли за финансиската помош, која била предвидена во вредност од 4,45 милијарди евра за период од 2014 до 2020 година.

„Турција, сепак, останува важен стратешки партнер на ЕУ со која треба да постои соработка во рамки на концептот за соседство“ оценува Курц.

Тој пред два месеци, го критикуваше и почетокот на воената офанзива на Турција во Сирија, чија цел се курдските сили. Според Курц, на Сирија конечно ѝ е потребен мир наместо понатамошни воени акции.

извор: Makfax