Австрискиот канцелар Себастијан Курц вели дека не сака да ги коментира предлозите за решение за Косово во врска со корекцијата и демаркацијата на границите, додека не се понудат конкретни планови за такво нешто.

Курц  разговараше со српскиот претседател Александар Вучиќ и шефот на привремените институции во Приштина, Хашим Тачи во Виена, потврди кабинетот на австрискиот канцелар.

Како што  наведува агенцијата АПА, Австрискиот Канцалар ги охрабрил Вучиќ и Тачи да постигнат натамошен напредок во дијалогот, истакнувајќи дека ова е “клучен предуслов” за понатамошно приближување кон ЕУ.

Курц рече дека треба да се надминат проблемите заради иднината на земјите од Западен Балкан во Европската унија и потребата за надминување на национализмот, како и подготвеност за постигнување на тешки компромиси.

Вучиќ и Тачи, на Европскиот форум во Алпбах, ја повикаа меѓународната заедница да ги почитува сите решенија до кои ќе дојдат двете страни во дијалогот, како и оние решенија кои се однесваат за границите и разграничувањето.