x

Куртоа со позитивен тест за коронавирус

kurtoa2

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа стана уште еден фудбалер кој по крајот на минатата сезона беше позитивен на коронавирус. Голманот е со репрезентацијата на Белгија, каде што требаше да учествува на натпреварите на својата татковина во Лигата на нации.

Во следните неколку дена голманот ќе помине втор тест. Доколку вториот тест на Куртоа биде позитивен, тој ќе мора да биде во карантин 14 дена и ќе ги пропушти двата меча за Белгија против Данска и Исланд. Можен карантин на Куртоа би била лоша вест за неговиот клупски тим Реал Мадрид, бидејќи тоа ќе го одложи враќањето на Белгиецот во шпанската престолнина и би значело дека Зинедин Зидан ќе мора да се потпре на Андреј Лунин.

Во наредните денови, Куртоа ќе мора да направи крвен тест за да утврди дали вирусот сè уште е во неговото тело. Доколку крвните тестови бидат негативни, голманот ќе може да се врати во групата и да го продолжи тренингот со репрезентацијата на Белгија.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата