x

Куртоа се избламира, кризата во Реал продолжува: Пораз дома од Алавеш (ВИДЕО)

modric-real-alaves

Шпанскиот шампион Реал (М) сензационално е поразен на домашен терен вечерва во мечот од 11. коло на Ла Лига против екипата на Алавеш со 2:1. Гостите кои пред почетокот на мечот беа тотални аутсајдери ја искористија својата шанса и по грешки на „кралевите“ направија предност која н акрајот излезе дека е практично недостижна.

Со голот од пенал на Лукас Перез во 5. минута Алавеш поведе со 1:0, а со овој резултат се замина и на пауза. Реал се обидуваше да израмни, но во момемнтоте кога полека имаше теренска иницијатива, голманот Тибо Куртоа направи една почетничка грешка и им подари гол на гостите. Подарокот од Куртоа во гол за 2:0 за Алавеш го претвори Хоселу во 49. минута.

Притисокот кој Зидан и неговите момци го направија до крајот донесе само еден гол. Каземиро погоди во 86. минута за 1:2, а до крајот Алавеш успеа да ја сочува предноста за нова победа. За Реал ова е трет меч во низа без победа во Ла Лига.

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата