Куркова флертувала со рагбистот Брејди пред девојка му!
Том Брејди, прославениот американски рагби бек на “Њу Ингланд Патриотс” од Бостон, за време на неодамнешната промоција на магазинот “Секси” во Њујорк, имал средба со најплатената и најбараната светска манекенка денес, Каролина Куркова, родена во Чешка, пред 21 година. Голем број новинари забележале дека преубавата моделка била доста расположена за разговор, кој во еден миг ја преминал границата на куртоазно запознавање. Имено, Куркова воопшто не ги криела своите симпатии кон симпатичниот спортист, и тоа во присуство на неговата нова девојка, актерката Бриџет Мојнехен. Наводно, Брејди набрзо ја испратил неговата девојка дома, за брзо да се врати на журката. Претпоставката дека остатокот од ноќта ја минале заедно откако ја напуштиле забавата ви е апсолутно точна, драги читатели. А, дали ќе се случи уште голема, среќна и долготрајна љубов меѓу спортист и манекенка, ќе бидете навреме информирани. Говорејќи за Том Брејди, треба да се истакне дека во овој момент е најдобриот американски играч, кој со својот тим во последните три сезони освои две Супер Боул титули.