Се зборува за вртоглави цени по глас на денешните избори во Штип.

Како што пишува порталот Курир повикувајќи се на свои извори извори за еден глас цената стигнувала и по десет или дванаесет илјади денари.

Како што пишува истиот портал повикувајќи се на неофицијални информации, бизнисмени и луѓе од подземјето стојат зад финансирањето на овие огромни суми на пари кои се даваат за граѓаните да гласаат за одередена политичка опција.

Инаку според податоците има драстично помала излезност на предвремените локални избори во Штип, споредено со излезност на последните предвремени парламентарни избори кои се одржаа на 15 јули оваа година.

Далеку помалку граѓани излегле на овие избори излегле да гласаат согласно пресеците кои ги прави Државната изборна комисија.

Согласно податоците на ДИК излезноста на предвремените локални избори во Штип во 9 часот изнесувала 2,94 проценти од вкупниот број запишани избирачи, а за споредба во истиот периот на парламентарните изботи излезноста била 10,06 проценти.

Сличена голама разлика се бележи и за вториот пресек на излезноста во 11 часот. На локалните избори кои се одржуваат денес во Штип е само 8,52 проценти, а на парламентрарните изботи излезноста изнесувала 22 проценти.

Излезноста пак, во 13 часот на денешните предвремени локални избори е 16,61 во споредба со излезноста на парламентрарните изботи од 15 јули која изнесуваше 32,75 проценти.

Ова е двојно помала излезност во споредба со парламентарните избори одржани на 15 јули 2020 година.

Предвремените локални избори во Штип поминуваат во услови на епидемија на Ковид 19 вирус и во услови кога поголем дел од опозициските партии не предложија свои кандидати.

Според експертите и според законот успешни ќе бидат локалните избори доколку на нив гласаат повеќе од една третина од запишаните избирачи во првиот круг. Во спротивно изборите се прогласуваат за неуспешни и постапоката се повторува одново.

Забелешки дека има притисоци, сведоштва з поткуп на гласачи и влијание врз правото на избор се дел од работите кои ги истакнуваат од невладината „Излези да гласаш“.

Ова утро во Штип пред гласачките места можат да се забележат возила на партиски активисти како во колона спроведуваат гласачи да гласаат.

Од невладината истакнуваат дека има поплаки на злоупотреба на државни позиции, вработени во администрацијата да излезат на гласање.

Во ромското маало гласно се говорело дека има платени гласови. Пакет зејтин и вода биле делени на повеќе локации низ Штип.

Од „Излези да гласаш“ велат дека на гласачкото место во Штип е забележано и групно гласање, како и отворено агитирање за кого да се заокружи.

Слабата излезеност која е двојно помала од парламентарните избори ги прави нервозни изборните штабови.

Досега официјално е потврдено дека и болни од КОВИД се тераат да излезат на гласање.

Извор: Курир