x

КУП 1/8 ФИНАЛЕ: Дуел на „ранетите“ во Струмица, Шкендија „домаќин на гости“, дерби на истокот

akademija-vardar

Денеска се играат натпреварите од 1/8 финалето од Купот на Македонија. Поради пандемијата со коронавирусот, се игра по еден натпревар, инаку пракса беше да се играат по два меча во оваа фаза.

Најинтересно ќе биде во Струмица, каде што се судираат „ранетите“ Академија Пандев и Вардар. „Академците“ во дуелот влегуваат по поразот од Шкупи на домашен терен и лошиот почеток на сезоната, додека Вардарци, пак, се надеваат на нешто подобро по катастрофата од Шкендија со 1:5. Академија Пандев практично е бранител на трофејот, откако минатата сезона немаше освојувач на пехарот поради прекинот на сезоната.

Шкендија ќе биде „домаќин“ на Гостивар во Гостивар. Поради санација на стадионот во Тетово, Шкендија се одлучи овој меч во кој требаше да бидат домаќини, да го играат како гости. И покрај тоа, тетовци и натаму се големи фаворити, не само на овој меч, туку и за освојување на пехарот.

Интересно ќе биде и во Струга, каде што домашниот тим Струта ТЛ го пречекува Работнички. Станува збор за два добри и цврсти тима и се очекува целосно неизвесна битка за победникот.

Во Штип денеска ќе се игра дербито на истокот меѓу Брегалница и Беласица. Иако се второлигаши, штипјани можеби поради домашниот терен се благи фаворити, додека Беласица имаше лош старт на прволигашката сезона и со еден бод се наоѓа „закован“ на дното.

Ренова на домашен терен ќе го пречека Пелистер, Силекс не би требало да има проблеми на гостувањето кај Кожуф во Гевгелија и треба да го потврди искуството. Шкупи е огромен фаворит на домашен терен против Кит-Го, исто како и Македонија ЃП во дуелот со Каменица Саса.

КУП НА МАКЕДОНИЈА 1/8 ФИНАЛЕ (ЕДЕН НАТПРЕВАР) – денеска 14:30 часот

СТРУМИЦА: Ак. Пандев – Вардар

ШТИП: Брегалница – Беласица

ГЕВГЕЛИЈА: Кожуф – Силекс

ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: Македонија ЃП – Каменица Саса

ГОЛЕМА РЕЧИЦА: Ренова – Пелистер

ГОСТИВАР: Шкендија – Гостивар

МАЏАРИ: Шкупи – Кит Го

СТРУГА: Струга ТЛ – Работнички

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата