Реконструкцијата на вила во Париз во вредност од 35 милиони евра била запрена откако во подрумот било пронајдено тело старо 30 години.

Напуштениот комплекс, кој се наоѓа во богата населба во француската престолнина, бил празен од осумдесеттите години на минатиот век, а беше продаден во јануари на аукција која траеше 15 минути, пренесува Дејли Меил.

Купувачот, банкарот Жан-Бернард Лафот, платил 35,1 милиони евра за вилата.

Техничарите испратени да го обезбедат рушењето на зградата од 17.000 метри квадратни откриле подрум под штиците и урнатините во февруари, објави Ле Монд.

Сепак, реконструкцијата била запрена откако биле пронајдени коски  рани од нож по телото во подрумот, а покрената е истрага за убиството.

Полицијата ја идентификувала жртвата како Жан-Пјер Рено, бездомник, а се претпоставува дека е убиен пред 30 години.

– Засега не е познато дали тој починал во вилата или бил одведен таму, и можеби нема да откриеме кој е одговорен за неговата смрт. Многу е можно дека убиецот е исто така мртов – соопшти полицијата.